Фудбалерите на Пелистер го доживеаја вториот пораз сезонава. Во 10. коло од Втората лига – Запад, „пелистерци“ загубија со 3-2 на гостувањето од Вардар Форино, па сега се само со два бода предност на врвот од второпласираната Лабуништа.
Пелистер имаше водство од 0-1 преку Бујчевски од 20. минута, но домашните стигнаа до пресврт од 2-1 со головите на Аријан Ејупи и Екрен Мемеди. Битолчани израмнија преку Сашо Шопоски во 63. минута, но Екрен Мемеди со својот втор гол во 66. минута донесе триумф за Вардар Форино.
Лабуништа убедливо со 6-2 победи против Кадино. Хасан, Кадриоски, Зиба, Далчески, во два наврати, и Шерифи беа стрелци за Лабуништа, а Марио Благојевски и Дарио Десниќ од пенал беа стрелци на головите за Кадино.
Велазерими убедливо со 3-1 славеше против Охрид со головите на Мемеди, Адили и Дани, сите три во второто полувреме. Димитар Кочески во 88. минута беше стрелец на единствениот гол за Охрид.
Гостивар победа на гостувањето против Дрита со 0-1 со голот на Шериф Реџепи во 38. минута од натпреварот.
Скопје победи против Кораби со 1-0, а стрелец на единствениот погодок на мечот беше Филип Петковски во 30. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Велазерими – Охрид 3-1
Дрита – Гостивар 0-1
Скопје – Кораби 1-0
Вардар Форино – Пелистер 3-2
Лабуништа – Кадино 6-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА