Џенова по подолг период успеа да слави победа во Серија А, откако синоќа на домашен терен ја совлада Бреша со 3-1. Прекрасен гол постигна Горан Пандев, кој во 79.минута го потврди триумфот на својот тим. Потоа имаше интересна изјава и за италијанските медиуми.
„Конечно, победивме. Долго време чекавме да се израдуваме и сега сме навистина среќни. Во првото полувреме бевме плашливи, но потоа покажавме дека има квалитет во овој тим. Среќен сум и за Тијаго Мота. Тој е одличен пријател, голем човек, му посакувам да има голема тренерска кариера, исто каква што имаше и како активен играч. Минавме прекрасни мигови заедно во Интер. Како сега му се обраќам? Ха, ха, со „мистер“, нормално“, изјави Горан Пандев по триумфот над Бреша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

