Незгодниот темперамент на Марио Балотели повторно излезе на површина за време на дуелот меѓу Џенова и Бреша, на кој проблематичниот голгетер скрши дел од опремата на фоторепортер крај аут-линијата.
Инцидентот настанал откако тренерот на Бреша решил да го повлече од игра „Супер Марио“ при резултат 1-1, по што тој бурно реагирал, шутирајќи ја опремата на фоторепортерот Масимо Волати. Тој по мечот објави фотографии од скршениот дел од апаратот, откривајќи дека самиот не бил присутен во моментот на инцидентот, но за истиот бил известен од едно од децата кои собирале топки во непосредна близина.
Воедно, Волати обелодени дека по мечот бил известен од клупската управа дека Бреша ќе ги покрие трошоците за поправка.
Балотели ќе крши, Бреша ќе плаќа, очигледно е новиот слоган на повратникот во елитното италијанско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

