Французинот Алекси Пинтуро ја забележа 24. победа во кариерата на трките од Алпскиот светски скијачки куп триумфирајќи на отворањето на новата сезона на велеслаломот во австрискиот центар, Зелден. Вкупното победничко време на Пинтуро беше 2:14:14. Тој беше лидер и по првата трка, а со вторто возење само го потврди успехот.
За двојна француска радост се погрижи Матје Февр кој за второто место на подиумот заостана 54 стотинки зад Питуро. Третопласиран беше Словенецот Жан Крањец. За него ова е четврти подиум на трките од елитнанта конкуренција.
Вчера кај скијачките, на почетната трка од сезоната, подвиг направи младата новозеланѓанка, Алис Робинсон. Сезоната во Светскиот куп продолжува во финскиот Леви на крајот од следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА