Елмас беше стартер, Наполи се сопна кај Спал

Наполи не успеа да слави на гости кај Спал, одигра само 1-1 и доцни веќе шест бода зад лидерот Јувентус по девет кола во Серија А. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас беше стартер во составот на Карло Анчелоти, играше до 54.минута, кога на негово место во игра влезе Фабијан Руиз.

Аркадиуш Милик во деветтата минута донесе водство за Наполи, а израмни Јасмин Куртич само седум минути подоцна. До крајот „наполитанците“ не најдоа начин да ја затресат вторпат мрежата на домаќинот.

Аталанта беше убедлива против Удинезе и славеше со 7-1, а Илија Несторовски остана на клупата за резерви. Мјуриел постигна хет – трик, Иличиќ беше двоен стрелец, а во листата на стрелци за Аталанта се запишаа и Пашалиќ и Траоре.

Торино и Калјари ремизираа 1-1.

Се вчитува...