Актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Мексико благодарение на одличната стратегија на неговиот тим, Мерцедес. Британецот тргна од вториот стартен ред, а пред себе ги имаше пилотите на големиот ривал, Ферари. За Хамилтон ова е 83 победа во кариерата, 100. подиум откако е возач на Мерцедес.
Себастијан Фетел заврши на втората позиција, додека Валтери Ботас за пласираше на третото место и поради тоа Хамилтон не успеа уште вечерва да ја потврди шестата шампионска титула. Му беше потреба поголема разлика во однос на онаа што ја обезбеди на оваа трка во однос на тимскиот колега за да биде повторно крунисан за шампион.
Минатата година, Хамилтон стана шампион токму на оваа трка во Мексико. Следната шанса за потврда на новиот трофеј, Хамилтон ќе ја има веќе по седум дена за кога е закажана следната трка, Големата награда на САД во Остин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА