ПСЖ летово реши да ризикува со ангажманот на Мауро Икарди, доведувајќи го екс-капитенот на Интер кој имаше бурен конфликт со раководството на Интер. Сепак, оваа позајмица се покажа како извонреден потег, Аргентинецот блесна во периодот кога со повреди се мачеа Кавани и Нејмар, па сега се наметна и како прва опција во нападот на францускиот првак.
Бројките се на негова страна, Икарди досега има седум погодоци зад своето име, а на последните два меча, со Бриж во ЛШ и со Марсеј во француското првенство, тој по двапати се запиша меѓу стрелците. Договорот на Кавани истекува на крајот од сезонава и тој нема да биде продолжен, а за „светците“ нема дилеми дека токму Икарди треба да биде предводник на нападот на ПСЖ во периодот што следи.
Токму затоа, францускиот првак е подготвен да ја активира клаузулата од 70 милиони евра за целосно да го откупи договорот на Икарди со Интер. Оваа клаузула не е задолжителна, но „светците“ се убедени дека за таа сума нема да најдат подобар голгетер, па одлуката за останување на Аргентинецот е веќе донесена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА