Тебас: Ел Класико е национален проблем

Првиот човек на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, изјави дека Ел класико е национален проблем. Натпреварот меѓу двата најголеми ривала Барселона и Реал Мадрид требаше да се одигра на 26. октомври на „Камп ноу“, но поради немирите во Каталонија натпреварот беше одложен за 18. декември.

Шпанската фудбалска федерација цело време бараше натпреварот да се одигра на 18. декември, барање кое беше поддржано од двата клуба, додека Ла лига се залагаше мечот да се одигра 11 дена порано.

„Ел класико е државен проблем. Сакавме да се замени домаќинството како би можело што е можно повеќе да се одложи мечот кој треба да се игра на „Камп ноу“. Поради информациите кои ги добивме од полицијата знаевме дека мечот не може да се одигра на 26. октомври. Не знам какви информации имаат во Барселона, но според мене одигрување на мечот на 18. декември може да биде уште поопасно. За нас е важно мечот да се игра во викенд и тоа во поран термин, бидејќи голем дел од навивачите нема да можат да го гледаат мечот. Од Саудиска Арабија до Јапонија, па се до Австралија луѓето ќе спијат“, изјави Тебас. 

 

Се вчитува...