Шкендија го елиминира Вардар од Купот на Македонија. Со триумфот (1-0) во Тетово се пласира во четвртфиналето од националниот Куп. По мечот, нормално, различни гледишта на двајцата тренери.
Ернесто Ѓока е задоволен со триумфот на Шкендија и вели дека е сосема заслужен.
„Шкендија заслужено победи, едноставно моравме да триумфираме, и тоа е задоволство за сите нас, за Тетово и за нашите навивачи. Одлучи второто полувреме во кое мојот тим беше многу порастоварен психички. Еден погодок ја направи разликата, успеавме да дојдеме до резултатот што го посакуваме и заслужено сме во четвртфиналето“, изјави Ѓока.
Александар Васоски вели дека Шкендија се однесувала срамно.
„Ова ли е европска Шкендија??? Ова е срам за македонскиот фудбал. На пет опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче од трибините, нашите застануваат мислејќи дека е офсајд. .. Гачевски „торпедиран со камења“ во второто полувреме. Се играше со еден фудбал цел натпревар… Го враќате фудбалот назад со децении, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално“, напиша Васоски на својот профил на Фејсбук, по случувањата во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА