Наполи ремизираше со Аталанта, Елмас остана на клупата за резерви

Наполи двапати имаше водство, но на крајот мораше да се задоволи само со еден бод откако ремизираше 2-2 против Аталанта на „Сан Паоло“. По десет одиграни кола, „наполитанците“ сега имаат 18 бода, три помалку од Аталанта.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас на овој меч остана на клупата за резервни фудбалери.

Никола Максимовиќ во 16.минута го доведе Наполи во водство, но Рамо Фроулер израмни пред крајот на првиот дел. Во 71.минута, Аркадиуш Милик повторно донесе предност за „наполитанците“, но вторпат Аталанта израмни преку Јосип Иличиќ.

Се вчитува...