Реал Мадрид убедливо го совлада Леганес со 5-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и се врати на втората позиција на табелата во Ла Лига со 21 бод, еден помалку од лидерот Барселона. Тимот на Зинедин Зидан покажа доминација и го реши натпреварот по само половина час, водејќи со 3-0.
Младиот Бразилец Родриго кој вечерва го имаше првиот настап во стартниот тим на „карелвите“ го отвори резултатот во седмата минута, а веќе во следниот напад погоди и Тони Крос.
Во 24.минута, Серхио Рамос од пенал зголеми на 3-0, а во вториот дел успешен реализатор од белата точка беше и Карим Бензема. Петтиот гол за Реал Мадрид беше дело на Лука Јовиќ во судиското продолжение.
Атлетик Билбао со 3-0 славеше против Еспањол, а Бетис со 2-1 ја совлада Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА