Ерлинг Браут Халанд е најпосакуван фудбалер на „пазарот“ по извонредниот старт на сезоната, во кој тој веќе постигна 22 погодоци на 15 натпревари во дресот на Салцбург. Бројни европски гиганти почнаа да се подготвуваат за преговори со австрискиот првак за норвешкото „чудо од дете“, a прв чекор повлече Јувентус, кој подготви понуда од 40 милиони евра.
Директорот Паратичи сака да доведе врвен млад голгетер кој би претставувал иднина на италијанскиот гигант, а Халанд со својот квалитет и потенцијалот што го поседува оправдано е на врвот на листата со желби на „старата дама“. Преговорите ќе стартуваат до крајот на годинава, а адут на Јуве е и фактот дека агент на Халанд е Мино Раиола, со кого италијанскиот првак минатото лето го договори мегатрансферот на Де Лихт.
Овие 40 милиони евра се очекува да бидат само почетна сума од „аукцијата“ за младиот норвешки голгетер, за кого сериозен интерес покажаа и Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА