Елиф Елмас би требало да добие позначителна минутажа во наредниот период во дресот на Наполи, откако италијанскиот вицепрвак остана без помошта на Алан. Бразилецот вообичаено е прва опција во средниот ред на Карло Анчелоти, но по само шест минути од дербито со Аталанта побара да биде заменет жалејќи се на повреда на коленото.
Денешните детални прегледи донесоа добра вест, не станува збор за кинење на лигаментите, но бразилскиот интернационалец во секој случај ќе мора да отсуствува најмалку еден месец од терените.
Ова ќе значи и поголема шанса за докажување за Елмас, кој ќе има можност да блесне во дресот на „наполитанците“. Тимот од Неапол во овој период го очекуваат дуели со Салцбург и Ливерпул во Лигата на шампионите, како и пресметки со Рома, Џенова и Милан во рамките од „Серија А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА