Гвардиола заработува колку Покетино и Солскјер заедно, а и кусурот е завиден

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола е убедливо најплатениот тренер на Островот. Не само во фудбалот, туку во сите спортови. Менаџерот на Манчестер Сити годишно заработува 20 милиони фунти. Тоа е повеќе од Маурисио Покетино и Оле Гунар Солскјер заедно, а има и завиден кусур, на кој би позавиделе многу познати тренери ширум Европа.

Менаџерот на Тотенхем има годишна плата од 8,5 милиони фунти, а Оле Гунар Сослкјер заработува 7,5 милиони евра по сезона. Четвртата и петтата позиција на ова рангирање ја делат менаџерот на европскиот првак Јирген Клоп и извршниот директор на Мерцедес во Ф1, Тото Волф, со годишна заработка од 7 милиони фунти.

Се вчитува...