Кошаркарите на Црвена Звезда ја запишаа втората победа во шестото коло од Евролигата извојувајќи голема победа против руски Химки од 90-78.
Црвено-белите сосема заслужено стигнаа до триумфот против големиот фаворит наметнувајќи своја игра од самиот почеток на натпреварот. Главно во цврста игра под обрачите белграѓани на полувремето заминаа со предност од 50-41.
Победникот на дуелот, без сомнение, го одлучи третата четвртина која белграѓани ја добија со убедливи 30-15. По сето тоа јасно беше дека е скршен отпорот на Русите кои на крајот доживеаја изненадувачки пораз од 90-78.
Предводници во триумфот на Црвена Звезда беа Шиманиќ со 18 поени и Били Барон со 17 поени, додека Перпероглу го заврши мечот со 15 поени. Кај Химки се издвои Алексеј Швед со 14 поени и пет скока.
Црвена Звезда сега има две победи, наспроти четири порази во досегашниот тек од Евролигата, додека Химки има четири победи запишувајќи го и вториот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА