Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев заработи казна во висина од 1.500 евра по последниот натпревар на Џенова против Јувентус.
Серија А се одлучи да изрече казна за Пандев поради, како што вели во одлуката, „премногу протести кон судијата Марко Гуида“.
Пандев мина само со парична казна, но новиот тренер на Џенова и поранешен соиграч на македонскиот репрезентативец од Интер, Тијаго Мота заработи суспензија од два натпревари. Исто така поради протестите за одлуките на главниот судија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

