Актуелниот шампион во Евролигата, ЦСКА Москва без поголеми проблеми го доби руското дерби против Зенит Санкт Петерсбург со 70-87.
Избраниците на Итудис одлично го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 15-26. Во втората четвртина се играше израмнето, а гостите на полувреме заминаа со плус единаесет (37-487). Зенит во третата четвртина одигра феноменално, успевајќи да намали на само минус два (59-619). Сепак, ЦСКА Москва во последниот период ги врати работите на свое место, дозволувајќи му на противникот само … поени, за конечна победа од 70-87.
Мајк Џејмс со 16 поени и Јоханес Војтман со 14 беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Густаво Ајон со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА