Италијанскиот Армано и го нанесе на Барселона првиот пораз сезонава во Евролигата. „Манекените“ го совладаа каталонскиот гигант со 83-70.
Избраниците на Светислав Пешиќ беа подобар противник во првото полувреме кое успеаја да го добијат со плус седум (30-37). Клучна беше последната четвртина која домаќините ја добија со неверојатни плус деветнаесест (31-12) со што стигнаа до целосен пресврт и победа од 83-70.
Серхио Родригез со 17 и Владимир Мицов со 16 поени го предводеа Милано до победата, додека кај Барселона Брендон Дејвис постигна 15 поени, додека Миротиќ мечот го заврши со 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА