Фудбалерите на Челси стигнаа до нова победа во Премиер-лигата откако славеа на гостувањето кај Вотфорд со 0-2. Избраниците на Френк Лампард до водство стигнаа уште во петтата минута со голот на Теми Абрахам за кого ова е деветти гол сезонава, со кој се израмни со Агуеро и Варди на врвот на листата на стрелци во англискиот шампионат. На 0-2 зголеми Кристијан Пулишич во 55. минута, додека конечните 1-2 ги постави Делофеу со гол во 79. минута.
Со победата „сините“ од Лондон се искачија на третата позиција на првенстваната табела со освоени 23. бода, додека Вотфорд останува последен со само пет освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА