Покетино смета дека ВАР требаше да покаже дали Сон имаше намера, Андре Гомеш денеска на операција

Натпреварот меѓу Евертон и Тотенхем ќе остане запаметен по тешката повреда на португалскиот фудбалер Андре Гомеш. Тој се здоби со скршеница на ногата по стартот на Сон,а  јужнокорејскиот интернационалец долго време не можеше да се помири со тоа и плачеше на теренот. Заработи црвен картон за стартот и беше исклучен, но менаџерот Маурисио Покетино смета дека во вакви ситуации ВАР треба да покаже дали фудбалерот навистина имал намера да го повреди противникот.

„Сите жалиме што овој меч беше погубен за Андре и тој заработи сериозна повреда. Но, мислам дека судиите треба да одлучат според прекршокот, а какви се последиците. ВАР требаше да покаже дали Сон имаше намера да го повреди Андре Гомеш. Беше сосема јасно дека намерата не е таква“, изјави Покетино по трагичниот настан на мечот со Евертон.

Несреќниот Гомеш денеска ќе биде опериран информираат од Евертон. Потоа ќе му следува подолга пауза. Гомеш добива поддршка  и желби за брзо враќање од најголемиот дел од играчите во Премиер-лигата.

 

Се вчитува...