Емил Рајковиќ оствари уште еден извонреден резултат во ВТБ-лигата, откако со Астана денеска го зеде скалпот на Зенит, триумфирајќи во супердраматична завршница по продолжение од пет минути со минимални 109-108.
Зенит сезонава се натпреварува во Евролигата и инвестираше сериозно во богат ростер, но тимот од Санкт Петербург на крајот капитулираше пред Рајковиќ и неговите избраници. Хвостов го спаси Зенит од пораз во регуларниот дел со поени на четири секунди до крајот, но Астана продолжи со добра игра и заслужено стигна до победата, пред се благодарение на Ристиќ и Хил, кои постигнаа 30, односно 25 поени на денешниот натпревар.
По првите четири кола тимот на македонскиот стручњак има скор од две победи и два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА