Шест тренери на голмани, Саша Илиќ, Горан Симов, Љупчо Кметовски, Пеце Коруновски, Филип Маџовски и Томе Пандев и трoјца инструктори за тренери на голмани, Данчо Целески, Зоран Мицевски и Суат Зендели ги добија своите дипломи и лиценци откако успешно го комплетираа курсот за тренери и инструктори за стекнување УЕФА А диплома.
Тие се дел од првата генерација на кандидати од Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација кои низ бројни презентации, дискусии и задачи, како и анализа и подготовка за натпревари претставена и преку практична демонстрација успешно го минаа периодот до стекнување УЕФА А диплома за работа со голмани.
Во „Куќа на фудбалот“ дипломите и лиценците им беа врачени од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и техничкиот координатор за младински селекции, Зоран Стратев.
„Во изминатите две години како Фудбалска федерација на Македонија дел од своите ресурси ги усмеривме и за едукација на специјалистите за работа со голмани. На овој начин заедно со Центарот за едукација нашите тренери се здобија со нови знаења и го збогатија своето искуство се со цел да бидат еднакво успешни во споделувањето на истото. Редовната едукација и размената на знаења и искуста е исклучителни важна и само така можеме да напредуваме, не само како поединци, туку и како федерација. Им честитам на сите и да не заборавиме дека сите имаме одговорност да ги споделуваме своите идеи и знаења со луѓето со кои работиме“ – рече Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА