Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена за стартот од новиот квалификациски циклус, откако беше обелоденето дека „црвено-жолтите“ без помошта на натурализирана кошаркарка ќе ги одиграат првите две средби против Германија и Летонија.
Новиот селектор Владимир Ѓоровиќ уште при самото доаѓање бараше натурализирање на кошаркарка што би го решила проблемот на центарската позиција, но и покрај напорите не се успеа да се заврши со целокупната процедура за добивање на пасош и пријавување во ФИБА.
Како план Б се споменуваше враќање на Криси Гивенс, која во минатото го носеше дресот на Македонија, но ниту таа опција не се реализираше, па Ѓоровиќ со намалени опции ќе мора да се снаоѓа на стартот од овие квалификации. Огромен проблем плус за селекторот е отсуството на Јелена Антиќ, која требаше да биде лидер на националниот тим, но поради повреда ќе го пропушти и овој циклус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА