Хеунг Мин Сон ќе може да настапува за Тотенхен и во следното премиерлигашко коло откако ФА денеска го поништи црвениот картон што корејскиот ас го заработи на последниот меч со Евертон.
Тој стартуваше грубо над Андре Гомеш, по што Португалецот при падот влезе во контакт и со Ндомбеле, здобивајќи се со страшна скршеница на зглобот. Судијата Еткинсон најпрвин му покажа жолт картон, но откако ја виде сериозноста на повредата го исклучи Сон, кој и самиот беше во шок од случувањата на теренот.
Тотенхем реагираше тврдејќи дека стартот не бил за исклучување, беше поднесена и официјална жалба до ФА што вечерва беше прифатена, што значи дека корејскиот офанзивец нема да заработи суспензија од три натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА