Давид Бабунски постигна уште еден погодок во дресот на Омија, помагајќи неговиот тим да направи уште еден чекор напред во борбата за влез во елитното јапонско фудбалско друштво.
Омија денеска славеше над Фукуока со убедливи 3-0, а третиот гол беше дело токму на поранешниот македонски репрезентативец, кој со волеј удар од пет метри стави печат на триумфот на својот тим.
Екипата на Омија на три кола до крајот се наоѓа на второто место на второлигашката табела, пласман што носи влез во елитата. Тимот на Бабунски има 72 бода, два повеќе од третопласираната Јокохама.
@davidbabunski ⚽ ? ? +1 pic.twitter.com/p65FxVHo8K
— Dorian Babunski (@dorianbabunski) November 6, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА