Гимараеш го освои првиот бод во групата Ф од Лигата на Европа ремизирајќи 1-1 против Арсенал на домашен терен. Тоа е прво реми и за Арсенал по трите бода, па „топчиите“ се наоѓаат на првото место по четири кола со 10 освоени бода.
Гимараеш се извлече во самиот финиш. Бруно Дуарте во 90.минута го постигна израмнувачкиот погодок. Арсенал поведе со голот на Шкодран Мустафи во 81.минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА