Ракометарите на Пролет рутински ја одработеа задачата на гостински терен против Струга триумфирајќи со 20-38, меч што почна со задоцнување поради неисплатените обврски кон официјалните лица. Судиите дадоа дополнителен рок за управата да ги обезбеди таксите, ракометарите добија дополнително време за загревање, а откако беше обезбедена уплата мечот конечно почна.
А на теренот – тотална доминација на гостите од Скопје, кои во раната фаза поведоа со 2-6 и потоа предноста ја зголемуваа како што одминуваше времето. Пролет го заврши првото полувреме со водство од 12-19, а потоа го отвори вториот дел со пет гола во низа, за на крајот да триумфира со убедливи 18 гола разлика.
Репрезентативецот Мартин Поповски беше прв стрелец со девет гола, по шест постигнаа Дамчевски и Василевски, а најефикасен во таборот на Струга беше Крстаноски со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА