Српските медиуми изминатиов период огромно внимание посветуваат на фудбалерот Лука Јовиќ и неговата нова девојка, Софија Милошевиќ.
Фудбалерот на Реал по првпат стана татко, па написите за новата девојка најпрво изгледаа како „трач“, но се покажа точно откако се појавија нивните заеднички фотографии. Нивната врска трае повеќе од два месеци па секој слободен момент го користат како би биле заедно. Во меѓувреме молчењето го прекина Софија Милошевиќ коментирајќи ги озборувањата поврзани со нејзиното име.
„Се спомнуваше уништување на неговиот брак, е вистина е дека Лука никогаш и не бил оженет. Потоа следеа приказни дека сум му ја уништила врската со девојката со која има дете, но тој таа врска ја прекинал уште пред три години. Потоа на ред дојдоа скапите подароци кои наводно сум ги добивала од него… А, единствената вистина е дека сме во врска и сакаме малку приватност. Среќни сме, а тоа е најважно во една љубовна врска“ – вели Софија.
Манекенката дополнува дека врската им почнала спонтано, порачувајќи дека не ја интересираат градските приказни во кои ја „заплеткуваат“.
„Знаете како, успехот е единствената работа која луѓето никогаш нема да ви ја простат“ – порачува Софија, која претходно се забавуваше и со тенисерот Виктор Троицки, со Анте Ребиќ а четири години беше и со Адем Љајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА