Израел со кинески напаѓачки тандем доаѓа во Скопје

Израелскиот селектор Андреас Херцог го објави списокот на фудбалери за последните две средби од квалификациите за ЕВРО 2020, дуелите со Полска и со Македонија.

Херцог се реши за проверени сили, а во нападот ќе смета на тандемот на кинескиот суперлигаш Гвангжу РФ, Захави – Саба. Повикан е и Дабур, кој до лани беше страв и трепет за противничките дефанзивци, но сезонава бележи огромен пад во формата откако воопшто не добива шанса во тимот на Севилја.

„Бевме одлични против Летонија, но без да навредам некого, тоа сепак беше против аутсајдерот во групата. Сега сакаме истата игра да ја повториме и против Полска, па потоа и на мечот во Скопје со Македонија“ – прокоментира Херцог.

СОСТАВ

Голмани: Ариел Харуш (Спарта Р.), Офир Марсијано (Хибернијан), Јоаф Герафи (Хапоел Т.А.).

Одбрана: Талев Тавата (Лудогорец), Еитан Тиби (Макаби Т.А.), Ели Даса (Витесе), Омри Бен Харуш (Локерен), Сун Менахен (Макаби Хаифа), Лоаи Таха (Хапоел Бер Шева), Хатем АбдЕлхамед (Селтик), Орел Дгани (Хапоел Т.А.).

Среден ред: Бибрас Натчо (Партизан), Ден Глејзер (Макаби Т.А.), Нир Битон (Селтик), Џонатан Коен (Макаби Т.А.), Илај Елмкис (Хофенхајм), Нета Лави (Макаби Хаифа), Гади Кинда (Беитар), Берам Кајал (Чарлтон), Долев Хазиза (Макаби Хаифа).

Напад: Мунес Дабур (Севилја), Еран Захави (Гвангжу РФ), Диа Саба (Гвангжу РФ), Шон Вајсман (Волфсбергер).

Се вчитува...