Лацио е се подалеку од европска пролет откако загуби со 1-2 пред своите навивачи со Селтик во 4. коло од Лигата на Европа. Римјаните загубија со гол на Селтик во 95. минута.
Лацијалите дојдоа до предност со голот на Имобиле уште во 7. минута, но Шкотите израмнија преку Форест во 38. минута до средбата, а победија со голот на Нчам во 95. минута.
Спортинг Лисабон, пак, е блиску до продолжување на натпреварите во второто по квалитет европско клупско натпреварување откако со 0-2 славеше на гостувањето против Розенборг. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски воопшто не беше во комбинација за настап на дуелот во Норвешка.
ЛИГА ЕВРОПА – 4. КОЛО
ГРУПА А
Дуделанж – Севилја 2-5
АПОЕЛ – Карабах 2-1
ГРУПА Б
Копенхаген – Динамо Киев 1-1
Лугано – Малме 0-0
ГРУПА Ц
Базел – Гетафе 2-1
Краснодар – Трабзонспор 3-1
ГРУПА Д
Розенборг – Спортинг 0-2
ЛАСК Линц – ПСВ 4-1
ГРУПА Е
Лацио – Селтик 1-2
Клуж – Рен 1-0
ГРУПА Ф
Стандард – Ајнтрахт Ф. 2-1
Гимараеш – Арсенал 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА