Манчестер јунајтед лесно славеше против белградски Партизан со 3-0 во 4. коло од Групата Л од Лига Европа на тој начин веќе обезбедувајќи си сигурен пласман во следната рунда натпревари од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
„Црвените ѓаволи“ победата против „црно-белите“ ја најавија со голот на Гринвуд во 22. минута, а Марсиал во 33. минута веќе зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Рашфорд во 49. минута од средбата.
Рома ја чека тешка задача во битката за првите две места во Групата Ј откако загуби со 2-1 на гостувањето против Менхенгладбах. Победничкиот гол за Германците го постигна Турам во 95. минута.
Во вториот натпревар од оваа група турски Башакшехир славеше убедливо со 0-3 на гостувањето против Волфсбергер.
ЛИГА ЕВРОПА – 4. КОЛО
ГРУПА Г
Феенорд – Јанг Бојс 1-1
Глазгов Р. – Порто 2-0
ГРУПА Х
Еспањол – Лудогорец 6-0
Ференцварош – ЦСКА Москва 0-0
ГРУПА И
Волфсбург – Гент 1-3
Александрија – Ст. Етјен 2-2
ГРУПА Ј
Менхенгладбах – Рома 2-1
Волфсбургер – Башакшехир 0-3
ГРУПА К
Вулверхемтон – Слован 1-0
Брага – Бешикташ 3-1
ГРУПА Л
Манчестер ј. – Партизан 3-0
Астана – АЗ Алкмар 0-5
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА