Најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, Лука Модриќ, ќе остане во Реал Мадрид, откако го одбил Милан, клубот за кого навива од детството, пренесуваат италијанските медиуми.
Модриќ не сака да замине од Мадрид и покрај серијата лоши натпревари и сака повторно да ја освои Лигата на шампионите со клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Актуелниот договор на Хрватот истекува на крајот на сезоната, а се уште нема информации дека „кралевите“ ќе му понудат нов договор.
Милан сега влегува во трка за вториот најдобар хрватски фудбалер Иван Ракитиќ кој не е среќен со улогата која ја има во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА