Станиќ со шест интернационалци во квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 19 години од 13. до 19. ноември го игра квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство. Фудбалската федерација на Македонија е организатор на турнирот, а нашата млада селекција е во група со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.

„Со нетрпение го очекуваме почетокот на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за ЕП. Расположението кај нас е позитивно, иако имавме проблеми околу составот со повредени фудбалери. Верувам во овој тим и очекувам да го дадат максимумот на сите три натпревари. Групата во која се наоѓаме е исклучително тешка, а потврда за тоа е фактот што Англија и БиХ со оваа генерација беа учесници на Европското првенство до 17 години. Но, без оглед на противниците, наша цел ќе биде да се прикажеме во најдобро издание и да ја чекаме нашата шанса за остварување на позитивен резултат“  изјави селекторот Горан Станиќ.

Првиот натпревар од турнирот македонската репрезентација го игра на 13. ноември против БиХ од 13:00 часот, на 16. ноември (13:00 часот) се соочуваме со Англија и на 19. ноември (13:00 часот) играме против Лукембург.

Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Кристијан Китановски (Вардар), Стефан Митрев (Арау, Швајцарија);

Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар, Србија), Божидар Митревски (Силекс), Александар Ѓурковски (Вардар), Бојан Димовски (Вардар), Ване Тасевски (АСД Нибиано, Италија), Анџело Николовски (Кит Го);

Среден ред: Агон Елези (Скендербег, Албанија), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П), Иван Николов (Академија Пандев), Владан Новевски (Војводина, Србија);

Напад: Методи Максимов (Работнички), Давид Тошевски (Работнички), Едис Спахиу (Шкендија), Сухељ Мухарем (Шкупи), Ерсан Хајдари (Арау, Швајцарија), Абдулвахит Мурати (Шкупи).

Се вчитува...