Калифа Гедбане, голманот на Вардар имаше клучна улога во ремито (28-28) на „црвено-црните“ против Киелце во дуелот од седмото коло во групната фаза во ракометната Лига на шампионите. Тој со вкупно 11 одбрани, голем дел од нив во второто полувреме, му помогна на тимот кој беше десеткуван од повреди да избори бод против непријатниот противник.
Една од одбраните на Гедбане, онаа во финишот од средбата кога резултатот беше 27-27, се најде во изборот на ЕХФ за најдобрите голмански интервенции во изминатата рунда. Гедбане е на петтата позиција. Комплетниот избор, погледнете го следниов линк.
Тимур Дибиров можеби го немаше вообичаениот приднес во редовите на Вардар, но остави впечаток со погодокот кој го постигна во воедниот дел од натпреварот во саботата со кој Вардар поведе со 4-2. Токму затоа се најде на четвртата позиција во изборот за најдобри голови на седмото коло. Друштвото на Дибиров за најдобри погодоци, погледнете го на овој линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА