Поранешниот менаџер на Челси и на Манчестер Јунајтед, сега стручен аналитичар на Скај Спортс, Жозе Мурињо, смета дека битката за титулата во Премиер-лигата е завршена по само 12 одиграни кола. По триумфот на Ливерпул над Манчестер Сити, разликата меѓу актелниот лидер на табелата и бранителот на титулата е девет бода, а Ливерпул има осум плус во однос на Лестер и на Челси.
„Верувам дека првенството е завршено, освен ако нешто многу драматично не се случи од типот на некакви повреди на играчите на Ливерпул. Едноставно сите коцки се наредија во тој тим. Верувам дека Сити има капацитет да добие седум, осум па дури и девет натпревари во серија, но не гледам како Ливерпул би ја загубил оваа предност“ – изјави Мурињо.
Ливерпул останува единствената непоразена екипа во Премиер-лигата сезонава, има 11 победи и само едно реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА