Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола би можел по крајот на сезоната да се врати во Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. Пред една седмица Нико Ковач заработи отказ во германскиот великан, а шпекулациите околу неговата замена не стивнуваат.
Прво се зборуваше за Жозе Мурињо и Арсен Венгер, во игра беше и Масимилијано Алегри, а најновата желба на „баварците“ била во клубот да се врати Пеп Гвардиола. Гвардиола беше на чело на Баерн Минхен во периодот од 2013 до 2016 период во кој три пати ја освојуваше Бундес-лигата, на два пати беше шампион во националниот куп, додека по еднаш ги освојуваше европскиот супер куп и светското клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА