Италијанскиот калчолигаш Милан загуби од Јувентус во Торино и се доближи на само четири бода до опасната зона на табелата во Серија А, а тоа секако е аларм за да бидат доведени нови засилувања на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок. Новиот тренер Стефано Пиоли најави дека му се потребни освежувања во тимот, а раководниот тандем Паоло Малдини и Звонимир Бобан ќе се трудат да ангажираат квалитетни имиња.
Првиот избор е Гранит Џака, досегашниот капитен на Арсенал кој е во немилост на навивачите на лондонскиот клуб и најави заминување во јануари. „Росонерите“ сакаат да ја искористат оваа ситуација и да го доведат одличниот играч за врска на „Сан Сиро“.
Покрај Милан, за Џака се заинтересирани и англиските премиерлигаши Њукасл и Лестер, како и германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА