Комплетни ли сме…или не сме? Уште кој недостига? Колку се повредени? Кој нема да игра поради жолти картони? Фудбалската репрезентација на Македонија во некомплетен состав го одржа првиот тренинг на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Недостасуваа капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Енис Барди и Столе Димитриевски. За среќа, тие не се ниту меѓу повредените, иако Нестор е суспендиран за мечот со Австрија.
Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми во пресрет на двата последни меча од квалификациите за ЕВРО 2020, но, како што и напомена, сите што ќе добијат шанса ќе треба да се потрудат да ја искористат, со надеж дека ќе се остваарат и позитивни резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА












