Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси ќе добие нов договор во Барселона. Капитенот на Каталонците нема да ја активира клаузулата за заминување и се очекува на крајот на сезонава да потпише нов договор со клубот.
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу пред неколку дена откри дека се надева дека Лионел Меси ќе добие и доживoтен договор со каталонскиот гигант.
„Нема сомневање дека Меси по се што остави за фудбалот и за нашиот клуб мора да биде поврзан со него до крајот на животот. Јас него би го споредил со Пеле, бидејќи тој во Бразил играше за само еден клуб“, изјави Бартомеу.
Меси сезонава игра во неверојатна форма, а во последниот натпревар од Ла лига против екипата на Селта Виго постигна хет-трик од кои два гола беа од слободен удар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА