Доскорешниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, многу брзо би можел да се врати со активна улога во Бундес-лигата. Раководството на Херта ја разгледува можноста за смена на Анте Човиќ, кој го презеде тимот од Берлин минатата сезона, но оваа бележи слаби резултати и освои само 11 бода.
Нико Ковач во два периоди, од 1992 д0 1996 година и од 2003 до 2006 година, беше играч на Херта и би можел да се врати на местото каде го имаше дебито во Бундес-лигата. Како тренер тој во Германија ги предводеше Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА