Арнаутовиќ: Не се лажеме дека ќе ни биде лесно со Македонците

Најдобриот австриски фудбалер, Марко Арнаутовиќ, предупреди дека домашната селекција не смее да си дозволи да ја потцени Македонија на саботниот дуел од квалификациите за ЕП 2020.

„Треба да престанеме да говориме – тоа е само Македонија, ни треба само еден поен… бидејќи реалноста не е таква. Не се лажеме дека ќе ни биде лесно со Македонците, знаете дека тие ни поведоа со 1-0 во Скопје, иако на крајот убедливо славевме. Јасно ни е, мораме да одиграме најдобро што можеме за да стигнеме до посакуваната победа и да го прославиме пласманот на ЕП 2020“ – изјави Арнаутовиќ.

Австрија моментно е второпласирана во групата, на домаќините им е доволен и еден бод за да го осигура учеството на европскиот шампионат.

Се вчитува...