Капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, Давид Брахам, доби жестока казна за неспортскиот потег кога го оттутна тренерот на Фрајбург, Кристијан Страјх, на аут – линијата, во последните моменти од мечот. Тој ќе паузира седум недели и ќе мора да плати парична казна од 25.000 евра. Ова значи дека Абрахам нема да може да игра за Ајнтрахт Франкфурт на шест меча од Бундес-лигата, против Волфсбург, Мајнц, Херта, Шалке, Келн и против Падерборн.
Абрахам направи скандалозен потег откако ги загуби нервите во судиското надополнување и трчајќи по топката за побрзо да изведе аут, намерно го удри тренерот Кристијан Страјх.
Eintracht Frankfurt captain David Abraham has been hit with a 7-week suspension and €25,000 fine for taking out Freiburg coach Christian Streich. ? pic.twitter.com/C1RMnodEnE
— FOX Soccer (@FOXSoccer) November 13, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА