Солскјер: Јунајтед секогаш се враќа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сигурен е дека неговиот тим во блиска иднина ќе се бори за титулата во Премиер-лигата. „Црвените-ѓаволи“ домашниот шампионат последен пат го освоија во 2013. година, а најдобар пласман потоа беше второто место во 2018.

„Не е работата во тоа да бидеме арогантни или да мислиме дека сме единствени. Важно е тоа во што верувате. Јас верувам во тоа што го работам и верувам во младите фудбалери. Свесен сум дека поминуваме низ тежок период, но ќе биде се како треба. Клубот ќе се врати таму каде што припаѓа“, изјави Солскјер. 

Јунајтед моментално е седми во Премиер-лигата со 16 бода, два помалку од петтопласираниот Шефилд и девет помалку од четвриот Манчестер сити.

Се вчитува...