Главоболка за Обрадовиќ: Де Коло не игра со ЦСКА

Фенербахче ќе биде значително ослабен на утрешното гостување против ЦСКА Москва откако денеска беше обелоденето дека Нандо де Коло нема да му биде на располагање на Жељко Обрадовиќ за оваа дерби-пресметка.

Францускиот ас, кој беше најголемо засилување на Фенербахче минатото лето, се пожалил на повреда на мускулот, а по деталните прегледи лекарскиот тим препорачал тој воопшто да не патува за Русија. Де Коло ќе го пропушти мечот против својот поранешен клуб, со оглед на фактот дека тој мина четири сезони во дресот на ЦСКА пред да му се приклучи на Фенербахче.

Обрадовиќ ќе мора да најде начин да го замени францускиот кошаркар, кој со 20,9 поени е најдобар стрелец на Фенер во Евролигата оваа сезона. Турскиот гигант по првите седум кола има разочарувачки две победи и седум порази, додека ЦСКА Москва влегува со скор 5-2 во утрешниот дерби-дуел.

Се вчитува...