Младата репрезентација на Македонија го запиша првиот пораз во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021. Во четвртиот натпревар од Групата 6, избраниците на Благоја Милевски загубија со 3-0 (1-0) во Алкалркон од актуелниот европски шампион Шпанија.
Сосема очекувано „црвената фурија“ ја оправда големата фаворитска улога стигнувајќи лесно до триумфот кој го најави со погодокот на Ману Гарсија уште во 7. минута. По ова водство на Шпанците, македонските репрезентативци малку се разбудија но останаа неискористени шансите на Атанасов во 24. минута и Чурлинов во 38. минута.
Почетокот на второто полувреме и дефинититно од самиот старт ја „запечати“ шансата за евентуално изненадување. Во 47. минута Руфати си постигна автогол по една неспретна реакција за водство на Шпанија и од 2-0.
Во продолжението комплетна доминација на Шпанците кои откако во низа пропуштија уште неколку убави можности, во 87. минута ги поставија конечните 3-0 со погодокот на Педроса.
Македонија, по овој пораз, во вторник, 19. ноември, ја очекува уште еден гостински натпревар против Фарските острови.
У-21 – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021
ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-0 (1-0)
Стадион „Санто Доминго“ во Алкоркон. Гледачи: 5.000. Стрелци: Гарсија 7′, Руфати 47′(аг), Педроса 87′ (Ш).
ШПАНИЈА: Љоренте, Е. Гарсија, М. Гарсија (Пеинадо 68′), Позо, Руиз, Оскар (Виљар 46′), Буњуел, Пепелу, Педросо, Клементе Маза, Феран Торес (81′ Гомез)
Селектор: Луис де ла Фуенте
МАКЕДОНИЈА: Јанков, Антовски, Тодороски (83′ Јованов), Руфати, Ристовски (70′ Ѓорѓиевски), Атанасов (46′ Фазлагиќ), Серафимов, Ачковски (Абаз 72′), Здравковски (46′ Гроздановски), Чурлинов, Митровски
Селектор: Благоја Милевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА