Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета за двата контролни натпревари против Србија.
Пријателските натпревари против Србија до 18 години се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 26. и 28. ноември.
Во тимот на Арслани се наоѓаат следните 22-ца фудбалери:
Голмани: Иван Николоски (Работнички), Кристијан Китаноски (Вардар), Кире Новаков (Триглав);
Одбрана: Алтрим Јакупи (Шкендија), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Александар Ѓурковски (Вардар), Бенјамин Далипи (Хрватски Драговољац, Хрватска), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Кристијан Тасевски (Аугзбург, Германија), Адас Рамадани (Работнички);
Среден ред: Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Леонид Игњатов (Вардар), Хамза Рамани (Шкупи), Дамјан Трајаноски (Вардар), Бехар Фета (Фортуна), Фитон Адеми (Шкендија);
Напад: Марио Илиевски (Тиквеш), Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА