Србија, Хрватска, Литванија и Канада домаќини на квалификациските турнири за пласман на ЛОИ во Токио

Србија, Хрватска, Литванија и Канада ќе бидат домаќини на кошаркаските квалификациски турнири за пласман на Летните олимписки игри во Токио 2020 година, потврди ФИБА. Турнирот во Србија ќе се игра во Белград, тој во Хрватска во Сплит, во Литванија во Каунас и во Канада во Викторија. Натпреварите ќе се играат во периодот од 23. до 28. јуни следната година, а место во Токио ќе обезбедат само победниците на турнирите.

Кога е во прашање женскиот квалификациски турнир Србија исто така ќе биде еден од домаќините, а покрај нив се и Белгија Франција и Кина. Натпреварите ќе се играат во периодот од 6. до 8. февруари следната година. За разлика од машка конкуренција, кај дамите 10 места ќе бидат на располагање за пласман на ЛОИ.

Жребот за квалификациските групи во двете конкуренции е закажан за 27. ноември.

 

Се вчитува...