Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, откри дека планира да се врати на терените во јануари. Францускиот репрезентативец се повреди на натпреварот против Брајтон минатиот месец.
„Се е во ред. Секогаш може да има проблем, но мојата цел е да се вратам во јануари. Не знам што ќе се случи на почетокот, средината и крајот на месецот. Во секој случај морам да бидам потполне подготвен“, изјави Лорис.
За потсетување голманот на Тотенхем го измести рамото по тешкиот пад на мечот против Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА