У-19: „Петарда“ од Англија, против Луксембург ќе се брка второто место во групата

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години запиша убедлив пораз од Англија од 0-5 (0-1) во вториот натпревар од претквалификациите за пласман на ЕП.

Селекцијата на Гордиот Албион беше апсолутно пресилен противник за избраниците на Горан Станиќ кои единствено на почетокот од дуелот успеваа да одржат рамнотежа против фаворитот. Англичаните поведоа со голот на Дојл во 41. минута, по што во второто полувреме следеше тотален дебакл. Гордон, Гарнер во два наврати и Сака беа стрелци на головите за Англија за конечни 0-5.

Во вториот натпревар од групата БиХ славеше против Луксембург со 1-0. По она реми на Македонија со БиХ во првиот натпревар, сега останува на 19. ноември со победа против Луксембург да се брка второто место во групата кое води во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕП.

 

Се вчитува...