Сопругата на Шумахер проговори за состојбата на славниот Ф1 возач

Поминаа повеќе од пет години откако Михаел Шумахер настрада за време на скијање на одмор со својот син Мик во француските Алпи.

Веќе со месеци се „пробиваат“ информации во јавноста околу состојбата на легендарниот возач, согласно изјавите на Жан Тод, неименувана медицинска сестра но и познатиот француски хирург, Филип Менаш, човекот кој го лечеше Михаел Шумахер.

Сепак, сите тие воопшто не се добро упатени во состојбата на Шумахер како неговата сопруга Корина која од јавноста ги крие сите детали поврзани со здравјето на славниот Формула 1 возач.

„Тој е во најдобрите можни раце и сите даваме се од себе како би му помогнале. Разберете не, ги следиме неговите желби да остане тајна се поврзано со неговото здравје. Се што е човечки можно како би му помогнале ние ќе направиме само за негово добро. Но, една таква чувствителна тема како здравјето мора да ја држиме во максимална приватност, затоа што тој така сака“ – вели Корина.

Се вчитува...